Добредојдовте во Априори Комуникации
 
 

Како започна сè...

 .:: Односите со јавност (public relations) во модерниот деловен свет се секојдневна потреба на компаниите, институциите и поединците. Во време на интернет и мобилна комуникација јасна е потребата на различната јавност за навремена и применета комуникација, која помага за воспоставување на добри односи, информираност и на крај - зголемен профит.


  .:: Агенцијата "Априори Комуникации" е основана во јуни 2006-та година во Скопје, Македонија како агенција за комуникациски менаџмент. Основната дејност на агенцијата се темели на советување, ко-организација, ко-изведба и едукација од подрачјето на комуникацијата и односите со јавност. Во согласност со интересите на нашите клиенти, своите активности ги проширивме и на некои специјализирани области, како event менаџмент, кризно комуницирање и продукција.


  .:: Априори комуникации е основана од Константин Икономов и Данијел Колетиќ. Агенцијата моментално брои пет вработени лица кои поседуваат специфични познавања со кои на клиентите можат да им понудат целосна услуга во согласност со нивните потреби и желби.


  .:: Основа на секој успех е знаењето, а целта на нашето дејствување е да ги пренесеме специфичните знаења од подрачјето на односите со јавност на нашите клиенти, и на тој начин да дојдеме до заедничката цел.

 

© 2008 Apriori Communications. All rights reserved